речник контакт

Претепан, киднапиран и исчезнат. Каде е Ангел Стојанов?

Пет дена се бара на велешанецот Ангел Стојанов. Полицијата осомничи две лица , татко и син, за киднапирање

Петар Печков

Го киднапирале, го претепале и по што  се губи трагот на велешанецот  Ангел Стојанов ( 25 год). Ова е настанот кој внесе немир  животот на семејството  Стојанови, откако нивниот син, сопруг и татко исчезна на 7-ми март. Полицијата фати две лица, татко и син, кои ги осомничи дека се сторители на ова дело и тие веќе во притвор. Ангел и покрај засилената потрага го нема. Неговите родители бараат помош да се пронајде синот.

Пет дена го нема синот, немаме информации каде е што е, со него. Луѓе виделе дека е  тепан, дека е ставен во багажник од кола, бил крвав и толку. Бараме било кој што има информации да каже што видел или знае, бидејќи тој можеби е повреден и сокриен. Времето е драгоцено и затоа бараме да ни се помогне. Досега не се пожалил дека некој му се заканувал, од него го бараат  нешто – вели мајката  Весна Стојанова. 

Родителите велат дека своевремено нивниот син имал проблеми со осомничените поради наводните негови релации со нивната сестра и ќерка, но сето тоа завршило во меѓусебен договор. Ангел е сопруг и татко на две малолетни деца, кои чекале секоја вечер тој да се врати дома. 

И родителите и полицијата потврдуваат дека Ангел Стојанов е физички нападнат на паркингот пред градското пазариште во средата  7-ми март, околу 19 часот. Две лица, за кои полицијата тврди дека се притворените П.Н. ( 49год) и Б.Н. ( 24 год) излегле од автомобил марка ,,ланчиа дедра,, го пресретнале Стојанов и физички го нападнале. Откако бил совладан, бил ставен во багажниот од автомобилот и по што  тие го напуштиле местото. Не е познато каде е оставен киднапираниот Ангел, но се знае дека автомобилот со кој е грабнат е испран и исчистен од евентуалните докази, крв, облека и други ДНК траги. Според  пријавените причина за киднапирањето е меѓусебно нетрпение.

Осомничените имаат пријавено опожарување на патнички автомобил, во декември лани. За ова ние како полиција поднесовме кривична пријава против сега исчезнатото лице. Нашата полициска истрага потврди дека можен сторител е  лицето кое е киднапирано. Кога двајцата киднапери го оставиле на непознато место, тој бил жив. Пребарувани се повеќе локации го градот каде тие посочуваат дека го оставиле, покрај вливот на реката Бабуна во Вардар, нивниот плац кај Топилница, но досега немаат траги од исчезнатиот – вели Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Против таткото и синот П.Н. и Б.Н. СВР Велес поднесе кривична пријава за киднапирање а истражен судија им е одреден притвор од 30 дена. Полицијата продолжува со потрагата на Стојанов. Против двете лица досега нема приемно поплаки и не се регистрирани во полициската евиденција. За исчезнатиот Стојанов полицијата вели дека и е добро познат, поради тоа што има повеќе затворски казни за  кражби и други кривични дела.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »